Димитриевски: Дополнително ќе ги разгледаме опциите за евентуално коалицирање со власта

Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски вечерва на парламентарните избори освои 6 пратенички мандати. Веднаш по соопштување на резултатите Димитриевски посочи дека дополнително ќе ги разгледат опциите околу евентуални коалицирања за во вадата, но дека е сигурен оти ќе бидат на располагање на која било идна власт кога се работи за државни национални интереси.

Тој остана на ставот од предизборието дека со ДУИ нема да коалицираат се додека партијата не претпри реформи.

-Ние засега нашите црвени линии ги дефинираме во предизборната програма и строго ќе се држиме до нашите црвени линии. Што се однесува до идни коалиции и евентуални соработки, секогаш ќе бидеме тука на располагање на која било идна власт кога се работи за државни национални интереси, но дополнително партиското раководство ќе ги разгледа сите опции и можности за евентуално партиципирање во власта или останување да работиме како конструктивна опозиција, рече Димитриевски.

Прашан дали ќе остане градоначалник на Куманово или размислува за трансфер во Владата, Димитриевски одговори дека нема никакви размислувања, но ќе остане доследен на ветувањата на кумановчани.

-Немам никакви размислувања, јас имам ветувања кон моите кумановчани, ќе останам доследен на моите ветувања и сеогаш ќе сум со кумановчани и со граѓаните на Македонија и единствено можам моите добри практики од Куманово да ги спроведам на дело, додаде Димитриевски.

Како што потенцираше, борбата на ЗНАМ допрва почнува.

-ЗНАМ тргна од ништо, денеска има пратеничка група а веќе на следните локални избори го очекуваме уште поголемиот резултат за нашата политичка опција. Нашата иднина почнува од вечерва и заедно со граѓаните ќе ја креираме убавата слика во иднина на Македонија. Како тоа ќе се движи ќе зависи и од нас и од останатите политички чинители, но првенствено од волјата на граѓаните. Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, туку етаблиравме нов политички субјект на македонската политичка сцена, додаде Димитриевски.

Претходна вестНовиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите
Следна вестАпасиев: Ги чека пекол во Собранието со нашите борбени пратеници