Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Граѓаните на Македонија вчера избраа нов собраниски состав. Мандатот на новите пратеници почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Во Уставот стои дека новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.

Таа конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Собранието го сочинуваат од 120 пратеници. Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба.

Со закон се утврдува неспојливоста и неизбирливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии. Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.

Претходна вестЦУК апелира на внимателност при појава на силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, најавени за попладне
Следна вестДимитриевски: Дополнително ќе ги разгледаме опциите за евентуално коалицирање со власта