Апасиев и Грчева обвинуваат за изборна кражба, имале нула гласови таму каде гласале нивните членови

Обвинувања дека се случила изборна кражба упатија денеска Димитар Апасиев, лидер на Левица, како и Солза Грчева, претседател на партијата Глас за Македонија. Во објавата на социјалната мрежа Фејсбук Апасиев потенцира дека се случила изборна кражба.

-Имаш рок од 24 или 48 часа за приговор, ама не ти даваат увид во записниците!? А и ако ти дадат, немаш како да ги споредиш дали бројот на гласови од хартиениот записник е ист со електронски внесените податоци – за да приговараш!? Искрадени сме од Ново Село, до Кисела Вода – на велико! По 30-40 гласа по изборно место. Наши членови од Карпош кои гласале со цели семејства, на резултатите има 0 гласови!? Тројца пратеници ни крадат у моментов. Луѓе ова е досега невиден изборен грабеж. Ова нема така да помине!, потенцира лидерот на Левица.

И Солза Грчева обвини за недоследност на изборните резултати.

-Имаме нула гласови каде што гласале наши членови со семејства. Искрадени сме го коска, Глас им сметаше на овие две гарнитури, од нас се украдени гласови и поделени на големите партии, потенцира таа.

Претходна вестМицкоски: Власта спроведе масовен поткуп, ВМРО-ДПМНЕ го има кредибилитетот да се бори за правење нова влада
Следна вест„ДУНА“: Апликацијата е беспрекорна, сајтот на ДИК беше цел на хакерски напад