Мицкоски: Власта спроведе масовен поткуп, ВМРО-ДПМНЕ го има кредибилитетот да се бори за правење нова влада

Христијан Мицкоски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес за првпат ги искоментира изборните резултати. Тој смета дека СДСМ добиле повеќе гласови како резултат на поткуп и притисоци.

Воедно тој посочи дека е подготвен да преговара со ДУИ, но нема да прифати премиер Албанец.

-Власта спроведе масовен поткуп. Сајтот на ДИК не работи, а добиваме податоци дека сомнително се броени гласовите. Сето ова ми дава за право да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада. Јас сум оптимист бидејќи постапуваме чесно и одговорно. Ова е тешка битка и со вас, граѓаните, ќе победиме. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила, ова е земја на народот. Преговорите допрва ќе почнат. Јас под услови не работам. ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има помалку 10.000 гласови од коалицијата СДСМ и БЕСА, рече Мицкоски.

На прашање дали е можна коалиција со СДСМ и Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека нема намера да коалицира со луѓе кои се осомничени за криминал, но не сакаше да каже дали вчеравечер контактирал со некој од лидерите на партиите од албанскиот блок.

-Не направивме предизборна коалиција со политичките партии од албанскиот блок, но не значи дека нема да направиме пост изборна коалиција. И во 2016 и овој пат, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе пратеници од коалицијата на СДСМ. Додека народот ја дава поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за народот, додаде Мицкоски.

Претходна вестУбаво: Eднократна парична помош за првачињата во општина Аеродром
Следна вестАпасиев и Грчева обвинуваат за изборна кражба, имале нула гласови таму каде гласале нивните членови