Денес, претседателот на Левица, Димитар Апасиев и Билјана Ванковска и официјално ја поднесоа Иницијативата за собирање потписи за кандидатура за Претседателските избори 2024 година до ДИК. Рокот за собирање потписи започнува во петок (23-ти февруари) и завршува на 8-ми март (петок).
– Поддршката за кандидатурата на Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот.
Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата, стои во објавата на социјалните мрежи на Левица.