Апасиев и Ванковска ја поднесоа иницијативата за собирање потписи до ДИК

Денес, претседателот на Левица, Димитар Апасиев и Билјана Ванковска и официјално ја поднесоа Иницијативата за собирање потписи за кандидатура за Претседателските избори 2024 година до ДИК. Рокот за собирање потписи започнува во петок (23-ти февруари) и завршува на 8-ми март (петок).

– Поддршката за кандидатурата на Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот.

Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата, стои во објавата на социјалните мрежи на Левица.

Претходна вестГолем пожар во Желино, горат гуми
Следна вестВевчани влезе меѓу најдобрите 500 светски зелени туристички дестинации