Апасиев најави дека ќе се кандидра во првата изборна единица кај Ковачевски и Мицкоски

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев најави дека на претстојните парламентарни избори ќе се кандидира во првата изборна единица, каде ќе си ги измерат силите со претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.

Апасиев информацијата ја сподели на „Фејсбук“.

„Таче и Мицко ќе се кандидирале у КЕЦОТ. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у КЕЦОТ“, напиша Апасиев.

Претходна вестУсвоен Буџетот на Општина Илинден за 2024 година
Следна вестПочина Силјан Мицевски, поранешен градоначалник на Битола