Апасиев: СДС-ДУИ се подеструктивни за едно општество дури и од војна

Лидерот на Левица Димитар Апасиев ја коментираше економската состојба и нискиот економскиот раст од еден процент во последниот квартал. Тој македонската економија ја спореди со руската, која во време на војна пораснала за неколку пати повеќе од нашата во време на мир.

– Руската економија, и покрај војната и санкциите, пораснала за 5,5% во последниот квартал!? Нашата – едвај 1%. Наравоучение: СДС-ДУИ се подеструктивни за едно општество дури и од војна!, напиша кратко Апасиев на својот фејсбук профил.

Претходна вестМилијарди долари се слеваат во Русија, санкциите повеќе му наштетуваат на Западот
Следна вестМаж се обидел да ја убие вонбрачната партнерка, ја стигнал пред врата и и нанел повеќе убоди со нож