Апасиев во разговор со рускиот амбасадор се оградил од антируските изјави на министерот Османи

Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените антируски изјави на шефот на дипломатијата – г. Бујар Османи, кои беа оценети како непотребни и провокаторски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите меѓудржавни односи. Ова стои во сооптението од партијата „Левица“ по денешната средба на пратеникот од оваа партија, Димитар Апасиев, со рускиот амбасадор во Република Македонија, Сергеј Баздникин.

На оваа прва официјална средба било разговарано и за предизвиците со кои се соочува Македонија во време на пандемијата со Ковид-19, како и за ефикасноста на процесот на вакцинација на населението со руската вакцина „Спутник V“.

-Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените антируски изјави на шефот на дипломатијата – г. Бујар Османи, кои беа оценети како непотребни и провокаторски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите меѓудржавни односи. Пратеникот Апасиев се огради од последниот контроверзен твит на министерот за надворешни работи и потсети дека ваквиот министерски личен став воопшто не ја изразува волјата на мнозинството наши сограѓани, стои во соопштението.

Се разговарало и за други прашања, за културната и образовната размена помеѓу двете земји, со особено значење на стипендиите за македонските студенти кои ги дава Руската амбасада на годишно ниво.

За потсетување, неодамна шефот на дипломатијата Бујар Османи преку Твитер истакна дека Македонија целосно ги поддржува САД и се солидаризира со преземањето на мерки против „дестабилизирачките активности на Русија“.

Претходна вестПо дигиталните книги, доаѓа и електронскиот упис на првачињата
Следна вестДефинитивно паѓа бројот на новозаразени, но на починати и натаму висок – 39 за 24 часа