Апасиев: За еден викенд собравме скоро половина од потребните потписи

Во тек е собирањето на потребните потписи за влез во претседателската трка. Од партијата „левица“ се задоволни од одѕивот на нивните подржувачи. Лидерот Димитар Апасиев пред малку на Ферјсбук напиша:
-НАРОДЕ – за еден викенд собравме скоро 1/2 од потребните потписи! Со оглед на тоа дека и учките од ДУИ уште немаат собрано, и покрај целата нивна машинерија и клиентела – тоа ни кажува дека нашата структура воопшто не е слаба.
Вашата ПОДДРШКА во процесов е суштинска! Затоа, продолжуваме со исто темпо. Нашите волонтери се на терен, потенцира тој.

Инаку, Државната изборна комисија го направи првиот пресек за процесот на собирање 10 илјади потписи од граѓани за претседателските кандидатури. Заклучно со сабота 24.02, над 14 илјади граѓани одлучиле да ја поддржат кандидатурата на некој од подносителите. Досега, најмногу потписи собрал кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, речиси 5 ипол илјади. 3 илјади и 600 потписи добил Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Речиси 3 илјади собрала кандидатката на „Левица“, професорката Билјана Ванковска – Цветковска.

За потсетување: за влез во претседателската трка потребни се 10.000 потписи од граѓаните, а рокот за собирање е до 8 март.

Претходна вестЦУК: Изминатото деноноќие девет пожари на отворено
Следна вестВо Скопје 164 санкционирани возачи, 66 за брзо возење