Апел до граѓаните да не палат стрништата и пасиштата и оган при престојот во природа, упати денеска Центарота за управување со кризи. Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во ЦУК, добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК), противпожарните тимови интервенирале на вкупно 22 пожара. Активен е уште е еден: во Општина Македонски Брод, над село Белица, кај месноста „Аргулица“, каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен. За време на викенд има најмногу пожари на отворено, според податоците од изминатите неколку викенди, велат од ЦУК.
-Апелираме до сите земјоделци и сточарите да не ги палат стрништата и пасиштата, а до граѓаните да се воздржат од палење оган при престојот во природа. Сериозни врнежи нема подолго време и истовремено не се очекуваат барем до понеделник, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури се уште се високи, а пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите. Пожари, како и другите итни случаи што претставуваат опасност за грѓаните, материјалните и природните добра се пријавуваат на 112, соопшти ЦУК.
Вчера се изгаснати 21 пожар на отворено, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, отпадоци, а и овошни насади.