„Apple“ нема да прави автомобил, тие имаат „попаметни работи“

Очигледно, по десет години, „Apple“ се откажа од развојот на електричен автомобил. Овој проект наводно бил откажан откако „Apple“ одлучил да ги насочи своите ресурси на работа на генеративни системи за вештачка интелигенција, изјавија анонимни извори за „Bloomberg“.

Изворите велат дека шефовите на „Apple“ им објасниле на вработените дека тимот кој досега работеше на автомобилот, „SPG“, наскоро ќе биде префрлен во одделот за вештачка интелигенција на „Apple“.

Полека, веројатно, ќе згаснат и останатите тимови кои работеа на развојот на болидот, што не е за чудо. Иако компанијата работи на електрично возило со години, тие не покажаа значителен напредок во последните пет години.

Од друга страна, генеративната вештачка интелигенција е растечки пазар на кој „Apple“ несомнено ќе сака да го преземе водството, бидејќи за тоа ќе се бори со компаниите „Samsung“ и „Microsoft“.

Претходна вестИ покрај апелите на 650.000 граѓани СДСМ, ДУИ и НСДП го одбија предлогот за продолжување на важноста на пасошите
Следна вестОд петок нема гарантирани цени, но ќе има казни за секое нелогично зголемување на производите, најави Битиќи