Арачиновец се судрил со полициска кола, па почнал агресивно да се однесува кон полицајците

Арачиновец се судрил со полициска кола, потоа излегол од своето возило и почнал агресивно да се однесува кон полицајците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

– Вчера во 19.30 часот во близина кај с.Бродец, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР и патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(32) од село Арачиново, скопско. Веднаш потоа возачот на возилото „тигуан“ излегол од возилото и агресивно се однесувал кон полициските службеници, по што го напуштил местото. По преземени мерки возилото било запрено на ул.„Радишанска“ во Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестТридневен 150 километарски марш на Левица во чест на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев
Следна вестБлаже Конески и Ремзи Несими, две нови државни награди предлага Владата