Тридневен 150 километарски марш на Левица во чест на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Утринава, тим составен од високи претставници од Централниот комитет на Левица, тргнаа од Гевгелија на тридневен марш кон вечното почивалиште на македонскиот револуционер Гоце Делчев, соопштуваат од Левица. 150 километарскиот марш е во чест на 120 годишнината од смртта на Делчев.

– Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и членови на Секторот спорт, синоќа го посетија тимот кој беше во последни подготовки во седиштето на огранокот Левица – Гевгелија, каде на средба со тимот им посакаа успех на маршот кој е во должина од повеќе од 150 км.

Тимот е предводен од советникот Саше Јанчев, кој по трети пат го води маршот, а оваа година појачување се и Реџеп Исмаил – Хактан, Александар Симонов и Амар Мециновиќ. Делницата е на потегот од Гевгелија – Демир Капија – Велес – Скопје до гробот на Гоце Делчев во Св. Спас, а попатно ќе им се приклучат и други членови од локалните ограноци на Левица низ Македонија, инфомираат од Левица.

Тимот се очекува да пристигне во Скопје во проширен состав на денот на одбележување на 120 годишнината од смртта на Делчев, на 4. мај, при што ќе се поклонат пред вечното почивалиште на македонскиот револуционер, Гоце Делчев.

Претходна вестВучиќ: Сите големи на Запад се против нас, ама правото и правдата се на наша страна
Следна вестАрачиновец се судрил со полициска кола, па почнал агресивно да се однесува кон полицајците