Вучиќ: Сите големи на Запад се против нас, ама правото и правдата се на наша страна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред средбата во Брисел со премиерот на Косово, Албин Курти порача дека не смее да се заборави пролеаната крв. Вучиќ потенцираше дека најсилните земји на Запад се против Србија.

– Албин Курти веќе неколку дена брутално и валкано води кампања против Србија. И тој и сите негови помошници. И се закануваат на Србија, потсетуваат на некои стари времиња, зборуваат за нивната борба за слобода, забораваат дека Србите се бореле за слобода против терористите и агресијата на НАТО. Пролеаната крв не смее да се заборави, тоа ќе го имам предвид вечерва, рече Вучиќ во соопштението пред средбата.

Покрај тоа, тој наведе дека ќе биде тешко.

– Сите на Запад се против нас. Сепак, правото и правдата се на наша страна. Се повеќе и поважно од тоа, тие не разбираат колку е силна љубовта кон слободата и колку силно и цврсто можете да ја чувате, и покрај сите притисоци, истакна Вучиќ.

Пред 45 дена, по последната средба во Охрид, кога беше договорен Анексот на Европскиот договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, денеска повторно ќе се сретнат со посредство на Борел и присуство на специјалниот европски пратеник за дијалог Мирослав Лајчак, овојпат во Брисел.

 

Претходна вестВо Тетово прв пат се организира свечена академија за одбележување на 5 мај-Денот на македонскиот јазик
Следна вестТридневен 150 километарски марш на Левица во чест на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев