Изборите во Македонија завршија сега се собираат впечатоците и се анализираат резултатите. Многу анализа треба да направи и градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска.
Таа самоуверено реши да излезе со својата партија Нова Алтернатива на парламентарните избори. Најавуваше силни резултати од гласањето. Но…
Нејзината партија oсвои само 3.438 гласови. Тоа е премалку за да се добие барем еден пратенички мандат.
Арсовска, посебно треба да анализира зошто иако беше носителна на листата во ИЕ1 ( која го покрива Скопје) освои само 1.571 глас. Таа некаде греши во раководењето на главниот град или пак грасачите згрешија? На ова треба да си одговори, а потоа и соодветно да дејствува.
Инаку, за потсетување на локалните избори во 2021 година Арсовска го доби мандатот за градоначалник (со помош и на ВМРО-ДПМНЕ) со освоени над 115.000 гласови.