Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска назначи нови директори на градските претпријатија ЈСП-„Скопје“, „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“.
Во информацијата до јавноста се наведува дека тие се квалификувани да се справат со предизвиците со кои се соочуваат трите градски претпријатија.
Како што информираат од Град Скопје, новиот директор на ЈСП е Драги Кушовски, на директорското место на ЈП Паркови и зеленило ќе седне Мартин Ангеловски, додека на ЈП Улици и патишта за нов директор е назначен Ванчо Умленски.
-Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции. Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците, со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите, соопштија од Град Скопје.