Според првичните податоци објавени на веб-страницата на ДИК за градоначалник на Скопје, обработени се 99,27 отсто од гласовите. Според овие податоци, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, освоила 86.147 гласа, додека кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, 78.226 гласа и според тоа тие двајцата ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.
Следат Петар Георгиевски од Левица со освоени 20.430 гласа, потоа Ана Петровска од „Зелен хуман град“ со 9.776 гласа, Арбен Шакири од ЛДП/ДОМ со 8.870 гласа…
Во Скопје гласале 228.425 избирачи и досега има 15.929 неважечки ливчиња.