Арсовска: Ставаме крај на дивата депонија во Визбегово

Инспектори од Градот Скопје откриле и пријавиле повеќе лица кои фрлале токсичен смет и градежен отпад на дивата депонија во скопско Визбегово, соопшти денеска Градот Скопје.

Од Кабинетот на градоначалничката Данела Арсоска соопштија дека ставаат крај на неказанивоста на лица кои таму фрлаат отпад.

-Ставаме крај на екоцидот кој го вршат поединци на грбот на здравјето на мнозинството, со цел да заработат некој денар повеќе на загрозувајќи го животот и здравјето на македонските граѓани, и уништувајќи ја животната средина. Сакам да ја известам целата македонска јавност дека ставивме крај на уште една дива депонија на територијата на Град Скопје, депонија која со децении ги труе скопјани. Депонијата се наоѓа во населба Визбегово, а нашите инспектори на лице место затекнаа камиони и тешка механизација како истура токсичен смет и градежен отпад, по што беше повикана и полицијата да реагира, изјави градоначалничката Аровска.

Таа додаде дека она кое што било дозволувано со години и поминувало неказнето денес се санкционира.

-Сопствениците ќе одговараат кривично со својот имот и со својата слобода. Им се обраќам на сите оние кои што со ваков екоцид штетат на здравјето на граѓаните, заврши вашето време, заврши времето на неказнивоста, одговорност ќе има за сите, порача Арсовска.

Претходна вестМакедонскиот атлетичар Ивановски втор на полумаратонот во Мајами
Следна вестОсновци од Кавадарци монтирале глави од девојчиња на експлицитни фотографии