Арсовска за работењето во МКЦ: Богоев противзаконски ангажирал 250 хонорарци, шанкери плаќал и по 750 евра

Екс-директорот на Младински културен центар Ванчо Богоев да се извини за изнесените невистини или ќе добие тужба за на суд, најави денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска. На прес-конференцијата таа зборуваше за настаната ситуација околу МКЦ по смената на директорот Богоев и реакцијата на Програмскиот совет против Арсовска. Арсовска објасни дека Богоев на директорската фотеља седна во јануари, 2022 година, откако таа стапила на функцијата, а договорот му завршил изминатата недела, по што во медиумите објави дека трпел огромни притисоци од Град Скопје.

-Дезинформација дека буџетот на МКЦ е скратен за 90 отсто, туку дека сите традиционални настани ќе продолжат. Минатата година на МКЦ од основниот буџет му следувале 10,7 милиони денари, а оваа година 8,7 милиони денари. Што се однесува до сумата за дотации од Град Скопје, лани биле 34 милиони денари, додека оваа година се издвоени 34 милиони денари. Намалувањето е незначително, и не поради тоа што нема интерес Град Скопје, туку МКЦ мора да работи и самоодржливо. Има потенцијал да работи без субвенции и дотации, има сопствени приходи од над 33 милиони денари. Целосно ги отфрламе тврдењата дека имало некакви притисоци, потенцира Арсовска.

Таа обвини и дека претходниот директор склучил 250 договори за ангажман на истакнати членови на ВМРО – ДПМНЕ и спротивно на закон исплатил илјадници евра, додаде и дека од 40 вработени дури 12 биле поставени на раководни функции и земале директорски плати.

-Богоев дека ангажирал противзаконски 250 лица како хонорарци, од кои повеќето биле блиски до неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. Во 2022 постигнати се преку 250 договори спротивно на закон,  без да се ангажира авторска агенција. Зборуваме за 250 ангажмани спротивно на позитивните законските прописи за кои ќе треба да се даде отчетност. Исплаќани се илјадници евра без почитување на ниту една постапка, ниту закон. Меѓу нив има истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, а има над 90 за времено ангажирање на шанкер за 350 до 750 евра на месец, наведе Арсовска.

Таа доаде дека од главната благајна се подигнати 100.000 евра без основа за повлекување на овие парични средства.

Претходна вестДали Заев ќе му одговори на пријателот Борисов околу „гневот“?
Следна вестОтфрлено обвинението против 5 лица кои силуваа 11-годишно девојче во Косово