Арсовски: Коалициите на СДСМ им траат по неколку часа откако ќе ги обзнанат

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговараше на новинарско прашање кое му беше поставено денес по неговата прес-конференција.

„Вчера попладне имало средба меѓу секретарот на СДСМ и Груби од ДУИ. Тие договориле, наводно, стабилна коалиција за наредните четири години. Дали ова ви ги поткопува вас плановите за евентуална коалиција со ДУИ“?

–Па да, мислам дека таа начелна, договорена Влада траеше неколку часа, бидејќи веднаш потоа СДСМ сами се демантираа дека договориле Влада со Демократската Унија за Интеграција. Па затоа, еве уште еднаш би искористил прилика и јавно да повикам, и воедно да апелирам и до вас медиумите да ги прашате СДСМ, бидејќи три дена веќе велат дека имаат мнозинство, па сами се демантираат, да излезат јавно и да кажат кои се политичките партии со кои што коалицираат, кое е парламентарното мнозинство составено и да бидат транспарентни пред граѓаните. Во моментов стана пишманска партија, така наречена СДСМ пишманска. Како што гледаме коалициите им траат по неколку часа откако ќе ги обзнанат. Така да, еве апелирам уште еднаш да ги објават партиите и пратениците кои што ќе партиципираат во новото парламентарно мнозинство. Во спротивно, сето ова можеме да го наречеме еден вид манипулирање од страна на СДСМ кон граѓаните, бидејќи, како што реков, се крајно нетранспарентни, порача тој

Претходна вестНови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и пет починати лица
Следна вестКазнети 423 лица, не носеле заштитна маска