Артан Груби со порака до директорите: Не прифаќајте никакво решение од министерот Фатмир Меџити

„Ниту еден наш директор здравство не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот Фатмир Меџити…“, ова била една од пораките кои, наводно, ја испратил вицепремиерот во техничката влада задолжен за координација на политички прашања на ресорите Артан Груби до директорите во здравство. Порталот Фактор објавува дека ја поседува порката од Груби до директорите, а кои биле испраќани преку социјалната мрежа Вибер. Од директорите во здравство тој бара да не прифаќаат никакви документи решенија потпишани  од министерот за здравство.

-Почитувани, ниту еден наш директор за здравство НЕ прифаќа никакво решение на министерот во заминување Фатмир Меџити, доколку му треба годишен одмор, боледување или едноставно не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот, се наведува во пораката.

Во објавената комуникација се гледата и пораките во кои директорите прашуваат што доколку „дојде до одлуката“ и дали „Владата ќе може да ја преиспита неговата одлука“. На тоа Груби, според проталот, дал одговор дека „Владата не може да ја преиспита и дека е потребно да отворат боледување и слично на неколку дена се додека не биде отпуштен министерот“.

Вчера техничкиот премиер Талат Џафери  достави предлог за разрешување на Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација

Барањето за смена на Меџити и на Алиу дојде откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди заедно со партиите на Албанците кои се во опозиција, а делот од партијата кој го предводи Зијадин Села најави самостоен настап.

Вчера и министерот за здравство Фатмир Меџити на прес – конференцијата изјави дека поседува ваква порака, која Артан Груби им ја испратил на директорите. Дел од нив како што кажа Меџити земале боледување, иако не се болни, со цел да не бидат разрешени. Меџити рече дека не планира никого да разреши.

Претходна вестНова најава за реконструкција на Универзална сала
Следна вестНегувателка во градинка во Радишани малтретирала 3-годишно дете, кое од стрес го загубило говорот