Асфалтирани краците на улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Гази Баба

Завршени се градежните активности на краците на улицата „Христофер Жефаровиќ“ во скопската општина Гази Баба, информира денеска Градот Скопје.

– Ги завршивме градежните работи на краците на ул. „Христофер Жефаровиќ“, улица која минатата година Град Скопје ја градеше и која беше во катастрофална состојба каде жителите се движеа по кал со децении, а воедно беше посочувана од нив како опасност по учесниците во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека екипите на ЈП „Улици и патишта“ кои ги изведуваат градежните работи по налог на Градот Скопје, завршија со асфалтирање на краците на оваа улица, со цел реализација на барањата на граѓаните согласно програмата „За модерно Скопје“.

Претходна вестМЕД: Во Македонија постојат 16 видови змии, најчесто се сретнува поскокот
Следна вестТепачка поради паркинг во Тетово