Aтлетичарката Дрита Ислами сезоната ја започна со државен рекорд

Maкедонската атлетичарка Дрита Ислами сезоната во сала ја почна со државен рекорд на 400 метри. Ислами го урна претходниот рекорд кој исто така го постави таа. Сега 400 метри во сала Ислами истрча за 55,95 секунди и го поправи рекордот кој изнесуваше 56,35 секунди.

– Нема подобро нешто одколу да ја почнам сезоната со Државен Рекорд на 400м во сала 55.95, стариот рекорд беше истотака на моја сопсвеност 56.35. Овој резултат ми значи многу после една лоша сезона со доста повреди, ми ја врати самодовербата и ме мотивира да продолжам да срушам уште рекорди, порача Ислами.

Претходна вестИран нападнат со дронови
Следна вестНачевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023