АВМУ со осуда за нападот на Салиу

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди вчерашниот физички напад од страна на извршителката Весна Јакимовска од Кичево, врз новинарот Фуркан Салиу од ПорталИкс.

-Имајќи предвид дека напад на новинар во Кривичниот законик се третира како напад врз службено лице, апсолутно е неприфатливо ваквото однесување од лица кои спроведуваат делови од правниот систем.

Како и во повеќе наврати досега, Агенцијата посочува дека е неопходно да се овозможат услови за безбедно и професионално извршување на работните задачи на претставниците на медиумите, велат оттаму.

Претходна вестУбиен доктор во Железара, бил пронајден во сопственото возило со убодни рани
Следна вестОЈО: Издадени наредби за обдукција на убиениот лекар и за обезбедување снимки од видео надзор