Убиен доктор во Железара, бил пронајден во сопственото возило со убодни рани

Во сопственото возило и со повеќе смртни убодни рани синоќа бил пронајден 67-годишен скопјанец во населбата Железара, информира утринава МВР.

Полицијата соопштува дека на 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.

-Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштува МВР.

Се дознава дека се работи за лекар од општа пракса, односно, за матичен лекар во оваа скопска населба.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестАкцијата за садење дрвја во Скопје ќе продолжи или пак ќе се замени со садење згради?
Следна вестАВМУ со осуда за нападот на Салиу