Темен режим Режим на светлина

Автобус и автобил се судрија на патот Скопје-Куманово

Сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил и автобус се случила вчера во 08:30 часот на регионалниот пат Скопје – Куманово, во близина на с.Орланци.

Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „шевролет круз“, управуван од Ж.Д.(64) од Скопје и автобус „ивеко“, управуван С.Б. од Куманово, двете со скопски регистарски ознаки.

– Во незгодата Ж.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобила сопатничка од автобусот В.З.(25) од Куманово, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Го разбрале ли доволно делото на Свети Климент и го практикуваат ли?

Следна објава

50 нови пациенти хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје