Го разбрале ли доволно делото на Свети Климент и го практикуваат ли?

Го разбрале ли доволно добро нашите политичари големото дело на Свети Климент Охридски? Го практикуваат ли тие неговото учење на посветеност, истрајност, непокорност, заштитништво, вера, чест, знаење, мудрост, солидарност, љубов, скромност…?

Одговорот е во самите дела на македонските политичари и лесно се гледа. Нормално, ако сакаш да видиш. А еве како тие денеска со зборови го честитаат празникот посветен на Свети Климент, патрон на Македонската православна црква. Во честитките се потенцира значењето на делото на ученикот на Светите Кирил и Методиј и потребата да се продолжува неговото големо дело.

Претседателот на државата Стево Пендаровски потенцира:

-Св. Климент Охридски не остави само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение, солидарност. Посакувам неговите дела и мудрост да ни бидат водилка и патоказ низ премрежињата, а неговата верба и љубов поткрепа во искушенијата, порача Пендаровски.

За премиерот Зоран Заев, Св. Климент имал исклучителни организациски, но и обединувачки способности.

-Како што успеал Свети Климент Охридски во мисијата на неговото време, повикани сме и ние да ги чуваме обележјата на нашиот недвосмислен македонски идентитет и да ги надминуваме предизвиците, вели Заев.

Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, пак, нагласи дека Св. Климент е дел од нашиот идентитет и значаен темел на нашето постоење. Во честитката тој ја напаѓа и власта дека тргува со неговиот лик и дело.

-Св. Климент е еден од неколкуте наши знаменити личности кои оставиле светски белег и е вграден дел од нашиот идентитет како народ и земја, истиот оној кој денешната власт како неразбрани трговци го тргуваат, преговараат, се откажуваат, посочи Мицкоски.

Тоа се овдешните политичари. Честитките ги испратија и си продолжија со своето вообичаено делување. Што има врска што на пример во честитката Заев потенцираше дека се за почит Светиkлиментовите обединувачки способности и сила да сочува идентитет, традиција, вера…

Претходна вестПановски пак предупредува за антибиотиците: Масовно и неоправдано се пропишуваат двојни дози на Сумамед  
Следна вестАвтобус и автобил се судрија на патот Скопје-Куманово