Поради државниот празник Св. Климент Охридски, јавниот превоз во Скопје утре, петок, 8 декември, ќе сообраќа по неделен возен ред, информираше денеска Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје).
Дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, која утре ќе работи во периодот од 6 до 13 часот.
Жичарницата, пак, утре ќе работи од 10 до 17 часот.