Во оваа земја за гледање порнографија ќе мора да испратите своја фотографија

За забрана на пристап до порнографија за лица помлади од 18 години во Велика Британија се зборува со години, но проблемот е како да се провери возраста на посетителите на порнографските страници. Пред четири години беа усвоени правила според кои податоци како пасоши или кредитни картички треба да се користат за пристап до таквите страници, но поради технички проблеми, како и потенцијални предизвици за приватност овие правила беа напуштени.

Британскиот телекомуникациски регулатор Офком сега објави нов план кој вклучува различни методи за веб-страниците за возрасни да ја потврдат возраста на нивните посетители.

Меѓу шесте методи што ќе се користат во Велика Британија се претходно предложените методи за верификација на кредитни картички, како и потврда од мобилните оператори, користење паричници со дигитален идентитет, давање согласност на банките да потврдат дека корисниците се над 18 години и совпаѓање фотографии  од пасош или возачка дозвола со фотографија од корисникот.

Покрај споменатите методи на верификација, за прв пат се споменува уште еден, а се базира на вештачка интелигенција.

Кога ќе ја поднесат својата слика, вештачката интелигенција ќе процени колку години имаат посетителите на страницата и ако вештачката интелигенција заклучи дека корисниците се полнолетни, тие ќе можат да пристапат до сексуалната содржина.

Претходна вестБајден до републиканците: Не дозволувајте Путин да победи, после ќе го нападне НАТО
Следна вестАвтобусите на ЈСП „Скопје“ утре ќе сообраќаат по неделен возен ред