Автобусите на ЈСП „Скопје“ утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Поради државниот празник Св. Климент Охридски, јавниот превоз во Скопје утре, петок, 8 декември, ќе сообраќа по неделен возен ред, информираше денеска Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје).

Дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, која утре ќе работи во периодот од 6 до 13 часот.

Жичарницата, пак, утре ќе работи од 10 до 17 часот.

Претходна вестВо оваа земја за гледање порнографија ќе мора да испратите своја фотографија
Следна вестМВР гледа ли: Чекањето за вадење лични документи се претвора во мачење, нешто мора да се смени!