За време на велигденските празници, односно од утре, петок (3.05.2024 год.) до понеделник (6.05.2024 год.), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, соопшти денеска ЈСП „Скопје“.
Исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре, петок (3.05.2024 год.) ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Утре, петок (03.05.2024 год.) и в недела (05.05.2024 год.), од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Во сабота (04.05.2024 год.) сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а в недела (6.05.2024 год.) за сите е неработен ден.
Жичницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник (06.05.2024 год.), другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.
-За време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е бесплатно за сите граѓани, соопштија од ЈСП.