Автобуси од Скопје, Тетово и Куманово вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Непочитување на законите било откриено кај три автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници на 27 и 28.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин „Табановце“.

При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

Претходна вестАрсовска: Град Скопје нема да го исклучува јавното осветлување на булеварите, ќе се штеди но не на сметка на граѓаните
Следна вестСе срамат ли? Реконструкцијата на автопатот Катланово – Петровец трае со години