Со тешки телесни повреди се здобила 85-годишна жена откако во неа удрил автомобил во скопската општина Аеродром. Полицијата соопшти дека несреќата се случила на ул.„23 Октомври”, пред крстосницата со бул.„Кузман Јосифовски Питу”.
-Патничко возило „Oпел корса”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.М.(67) од Скопје, удрило во пешакот П.Ч.(85) од Скопје. Во незгодата П.Ч. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.