ВМРО-ДПМНЕ предлага три модули за наставата во училиштата

Три модули за одржување на наставата во училиштата предложи денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Физичка настава може да има во средини каде што нема ковид-19  или има изолирани случаи. Комбинирана настава може да има во средно ризични подрачја со најмногу 15 ученици во клас, со преземени сите мерки за безбедност. Онлајн настава треба да има во средините со висок ризик, соопштија од оваа политичка партија.

Во партиското соопштение се наведува дека Македонија достигна речиси 13 илјади заразени и над 500 починати лица, и со што станала црн рекордер во регионот, па и во Европа по овие параметри на еден милион жители.

-Зоран Заев и неговата екипа наместо да понудат конкретни планови, нудат луди предлози да прескокне оваа учебна година и учениците да останат дома?! Најстрашно од се е што немаат никаков план. Тоа најдобро се гледа во безидејноста кога се работи за нормализирањето на образовниот процес. Тие се тотално неспособни да се справуваат со предизвиците кои ги носи епидемијата со корона вирусот. Дополнително и економијата тоне. За три месеци беше креиран нов долг од 1 милијарда евра, а притоа ниту успеавме да се справиме со здравствената криза, ниту успеавме да ја закрепнеме економијата, се наведува во соопштението.

Претходна вестАвтомобил тешко повреди 85-годишна жена во Аеродром
Следна вестУапсени три млади лица заради поседување марихуана