Автомобил удри во пешак на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на патарина

Вчера во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на наплатна станица Тетово, автомобил „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(42) од селото.Србиново, гостиварско, удрило во пешакот В.Д.(41) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Претходна вестОхриѓанец најден починат во станот во којшто престојувал
Следна вестПетмина кандидати досега ги собраа потребните потписи за учество на претседателските избори