Темно Режим Светло Режим

Автомобил удрил и тешко повредил дете во Јурумлери

Со тешки телесни повреди вчера се здобил малолетен пешак откако во него удрил автомобил во скопското село Јурумлери, соопшти полицијата.

-На 14.09.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на ул.„5“ во с.Јурумлери, скопско, патничко возило „Mерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(38) од с.Долно Количани, скопско, удрило во малолетен пешак од с.Јурумлери. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се наведува во информацијата.

Претходниот Пост
Полицијата ќе поднесе пријава: Син осомничен за напад со нож врз татко си

Се заканил со нож и одзел 6.000 денари од аптека

Следниот Пост

МВР почна со засилени контроли на сообраќајниците, ќе потрае ли акцијата?