Багер се излизгал од коловозот, тешко повреди едно лице

Со тешки телесни повреди се здобило едно лице вчера во Сопиште при инцидентот со градежна машина-багер.

-На 14.01.2020 во 19.00 часот во СВР СКопје било пријавено дека во с.Сопиште, скопско, додека П.А.(30) од с.Ракотинци, скопско, управувал работна машина-багер, со скопски регистарски ознаки, машината се излизгала од коловозот и го повредила Т.А. од с.Сопиште, скопско. Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Претходна вестЦаровска на средба со СОНК: Синдикатот е важен партнер, заедно ќе ги спроведеме реформите
Следна вестВо скопските ковид центри има 146 слободни места, се лекуваат 300 лица