Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека договорот за заложниците е во рацете на Хамас и дека итно е потребен привремен прекин на огнот во Појасот Газа пред Рамазан, муслиманскиот месец на постот.
-Ако дојдеме во ситуација ова да продолжи за време на Рамазан, тоа може да биде многу, многу опасно. Договорот за заложниците во моментов е во рацете на Хамас, рече тој.
Претставниците на САД, Катар и Египет преговараат за привремен прекин на огнот со Хамас во Каиро. Израел не е директно вклучен во разговорите, а имаше и спротивставени изјави за тоа дали е постигнат напредок.
Прекинот на огнот во Газа ќе ја олесни размената на заложниците, кои таму ги држат милитантите на Хамас, за палестинските затвореници во Израел.