Бајден го разгледува барањето да се прекине гонењето на Џулијан Асанж

Претседателот на САД, Џо Бајден, вчера изјави дека го разгледува барањето на Австралија, Вашингтон да се откаже од гонењето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој јавно објави серија доверливи американски документи.

– Го разгледуваме тоа, му одговори американскиот претседател на новинар кој се интересираше дали има одговор на барањето на Австралија да се прекине кривичното гонење на нејзиниот државјанин

Сопругата на Асанж преку социјалните мрежи побара од американскиот претседател  да го направи тоа и да се откажете од обвиненијата.

Американските обвинители бараат процес против 52-годишниот Асанж поради објавувањето бројни американски воени досиеја и дипломатски телеграми од страна на Викиликс.

Вашингтон тврди дека Австралиецот ги загрозил животите на американските агенти и оти нема оправдување за неговите криминални дела. Неговите поддржувачи, од друга страна, го слават како херој кој беше гонет за откривање американски злосторства.

Во 2010 година, меѓу другото, Викиликс објави видео од американски воени авиони кои убиваат цивили во главниот град на Ирак, како и информации за стотици цивили убиени за време на американската инвазија во Авганистан, пишува Би-би-си.

Екстрадицијата на Австралиецот беше ставена во мирување во март, откако Високиот суд во Лондон наведе дека САД мора да обезбедат гаранции дека тој нема да се соочи со смртна казна.

 

Претходна вестЦУК: Десет пожари на отворено во изминатото деноноќие
Следна вестВо МАНУ отворање на изложбата „Три генерации Ташковски“