Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден доби остри предупредувања од американските дипломати во арапските земји дека силната американска поддршка за воената кампања на Израел во Газа доведува до зголемен гнев кај арапската јавност кон Вашингтон, објави Си-Ен-Ен. Во телеграма од американската амбасада во Оман во средата, се наведува дека силната американска поддршка за акциите на Израел во Газа се смета за соучесништво на САД во она што се смета за можни воени злосторства.
Телеграмата од амбасадата во Оман е испратена до Советот за национална безбедност на Белата куќа, ЦИА и Федералното истражно биро (ФБИ).
Во друга телеграма, до која дојде Си-Ен-Ен од американската амбасада во Каиро, Вашингтон, беше пренесен коментар објавен во државните египетски весници дека, како што е наведено, „суровоста на претседателот Бајден и неговата негрижа за Палестинците ги надминаа сите претходни американски претседатели“.