Македонската ракометна репрезентација претрпе висок пораз од седум голови разлика (34:27) во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство против Фарски Острови кој вечерва го игравме во Торшван.
Домаќинот од самиот старт ја наметна својата игра и водеше во текот на целиот натпревар, нашите ракометари ниту еднаш не успеваа посериозно да го загрозат водството на домаќинот.
Најефикасен во нашите редови беше Филип Кузмановски со осум постигнати гола, Митев додаде пет, како и Никола Костески, а четири без ниту едно промашување имаше Лазаревски. Талески и Пешески одиграа натпревар за заборав и ниту еднаш не ја погодија противничката мрежа.
Реванш натпреварот во Скопје се игра в недела од 19:00 часот.