Барбареев: Над 90 проценти од родителите ургираат за повисоки оценки на своите деца

Концептот на оценувањето на учениците мора да се менува, смета универзитетски професор Кирил Барабареев. По денешната промоција на неговата книга „Размисли за образованието“ тој рече дека многу родители ургираат кај наставниците за повисоки оценки на нивните деца.

-Над 90 отсто од родителите ургираат за повисоки оценки на своите деца во училиштата. Тоа резултира во последните 5 години двојно да се зголеми бројот на одлични ученици. Тоа е тема која подолго го мачи ова општество и тоа не е тема за овие 10-15 години. Концептот на оценување е концепт кој што е стар 40-ина, па дури и 50 години и мора да се менува. Мора да се менува заради тоа што денес ако не сте одличен не можете да го продолжите понатамошното образование. Така што, не се виновни само родителите и треба да се биде многу внимателен во давањето на проценки, како да се пристапи кон она што треба да бидат системски решенија за подобрување на одредени процеси, изјави Кирил Барбареев, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Тој смета дека она што во моментот се случува во образованието е само последица на состојбата која што ја имаме во општеството.

– Одредени брзи активности не треба да преземе само образованието, туку и другите институции, како што е МВР, Министерството за труд и социјална политика. Одредени прашања од социјален карактер на младите луѓе, како тие го минуваат времето надвор од училиште, колку им се достапни алкохолни средства и психотропни супстанции. Сето тоа е обврска и на другите институции. изјави Барабареев.

Неодамна, и претседателка на државната Антикорупциска комисија Билјана Ивановска упати апел до родителите да бараат „врски“ за подобри оценки, туку децата сами треба да си ги заслужат.

Претходна вестМотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Карпош
Следна вестСредношколци од Кочани се пласираа 15-ти на Светското првенство по роботика во Мароко