Барди има понуда од Серија А

Енис Барди беше меѓу најдобрите поединци во турбулентната сезона на Трабзонспор, со што македонскиот репрезентативец повторно го привлече вниманието на неколку клубови ширум Европа.

Барди во јануари не го комплетираше трансферот во Унион Берлин, а според последните информации капитенот на македонската репрезентација сега е блиску до преселба во Серија А. Торино е клубот што сака да го доведе Барди во своите редови во текот на летово, станува збор за екипа што и во минатото се интересираше за нашиот ас додека настапуваше за Леванте, а калчолигашот решил сега да ги активира преговорите за ангажман на Барди.

Во прилог им оди и фактот дека договорот што македонскиот репрезентативец го има со Трабзон истекува во јуни 2025 година, па турскиот клуб ќе биде принуден да го продаде Барди летово доколку во најскоро време не биде најден заеднички јазик за продолжување на соработката.

Енис Барди сезонава настапи на 42 средби за Трабзон во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и шест асистенции.

Претходна вестСиљановска Давкова ќе му го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Демири и Манолева прават роденденска журка во Министерството за здравство