Бектеши: Секој граѓанин во земјава е должен да плати струја колку што потрошил

Министерството за економија ги повикува сите граѓани редовно да ги плаќаат обврските кон енергетските компании, објави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Во објавата на негиовиот профил на Фејсбук тој потенцира дека сметките мора да се плаќаат.

-Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во земјава е должен да плати струја колку што потрошил. Министерството за економија согласно овластувањата кои произлегуваат од Законот за енергетика создава средина за намалување на загубите во транспортот и дистрибуцијата на електрична енергија како и неовластеното користење на електрична енергија. Затоа бараме секој граѓанин да плати за потрошеното затоа што така функционира пазарната економија, наведе Бектеши.

Упатен е повик до сите надлежни институции да постапат согласно своите надлежности и да го решат проблемот со снабдувањето со електрична енергија во Слупчан и околните села и да овозможат работа на екипите на ЕВН.

Претходна вестПоранешен американски разузнавач сведочеше пред Конгресот: Пентагон има пронајдено летала кои не се произведени од човек
Следна вестГласањето за уставните измени ќе се пролонгира додека не се обезбеди двотретинско мнозинство, најави Џафери