Бензините од полноќ поевтини за половина денар, дизелот за денар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени на 30.10.2023 година, реши денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Со тоа од ноќеска на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83,00 ден/лит.

Исто така, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ- 1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на претходната одлука на РКЕ, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 80,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 80,00 ден/лит.

Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,290 ден/кг, и ќе чини 46,001 ден/кг.

Претходна вестСе отвора за јавноста, мистериозната соба во која не можете да останете повеќе од 15 минути
Следна вестЛевица: Меџети го укинува бесплатниот годишен ПАП тест