Бензините пак поевтинуваат за по половина денар

Бензнините пак ќе поевтинат за по половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика. Според новата одлука малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалени за 0,39 проценти.

Така, од вечерва на полноќ литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 58,50 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60,50 денари по литар гориво. Цената на литар Еуродизел останува 50,50 денари.

Претходна вестПриведен разбојник кој со закана со нож ограбил маж кај железничката станица
Следна вестОпштина Центар ги отстрани нелегалните објeкти до мостот кај Железничка станица