Бензините поевтини за половина денар, дизелот за денар

161

Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,19 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на досегашните малопродажни цени. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.

-Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,00 ден/литар и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит, соопшти РКЕ.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,839 ден/кг и ќе изнесува 41,236 ден/кг.

Претходна вестМинатата година 4,6 милијарди луѓе патувале со авион
Следна вестВо САД падна првиот „Пауербол џекпот“ за годинава, добивката е 842 милиони долари