Минатата година 4,6 милијарди луѓе патувале со авион

Германското здружение за воздушен транспорт (БДЛ) објави дека 80 луѓе ги загубиле животите во воздушниот сообраќај во 2023 година, вклучително и осум членови на екипажот, што е втор најмал број од 1970 година. Бројките се уште поимпресивни ако се земе предвид бројката на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) од вкупно 4,6 милијарди патници минатата година.

Тоа значи дека во 2023 година имало 14 пати повеќе авионски патувања отколку во 1970 година и покажува дека воздушниот сообраќај стана значително побезбеден.

Во деведесеттите години, повеќе од илјада луѓе ги губеле своите животи секоја година.

Не се вклучени несреќи на воени авиони, а во 2023 година немаше ниту во товарниот сообраќај.

Најголем дел од жртвите од минатата година се во авионот што се урна во Непал на самиот почеток на 2023.

Претходна вестЧесен тетовчанец пронашол торбичка со пари и ја вратил на сопственикот од Скопје
Следна вестБензините поевтини за половина денар, дизелот за денар