Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, а дизелот за половина денар

Од полноќ за 1,5 денари поевтинуваат бензините, додека за половина денар се намалува цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот „ЕУРОСУПЕР– 95“ ќе изнесува  84,50 денари по литар, цената на „ЕУРОСУПЕР-98“ ќе биде 86,50 денари, додека дизелот ќе се продава по цена од  74,00 денари по литар.

Масло за горење ќе се продава по цена од 73,50 денари по литар, а цената на мазутот ќе изнесува 44,007 денари по килограм.

Претходна вестKривична за тројца тетовци, меѓу нив и директор на ПИОМ: со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик на сметка на државниот буџет
Следна вестУКИМ рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот